Париз нема да биде комплетно подготвен за се што е неопходно за квалитетна организација на Летните олимписки игри следната година, тврди градоначалничката на Париз, Ан Идалго.
Идалго вели дека јавниот превоз во главниот град на Франција нема да може да ги задоволи комплетните потреби на сите навивачи, затоа што Париз нема доволен број возови и автобуси на одредени реони. Сето тоа ќе донесе огромен метеж.
„Имаме огромни проблеми со секојдневниот превоз за кој немаме решение и мислам дека нема да можеме да одговориме на потребите на сите странски навивачи и на нашите граѓани за време на ЛОИ. Сето тоа е одговорност на Владата и треба поскоро да се реши. Исто така проблем се и големиот број бездомници за кои не знаеме каде ќе бидат сместени за време на одржувањето на Игрите“ – вели Идалго.
Французите за време на ЛОИ во Париз очекуваат меѓу 15 и 20 милиони туристи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА