Градот Ливерпул го одликуваше Јирген Клоп со признание кое го има само Нелсон Мандела

Градот Ливерпул му додели големо признание на тренерот на фудбалскиот клуб, Јирген Клоп со тоа што го прогласи за почесен граѓанин. 55-годишникот ова признание го добива во знак на почит за се што направи за клубот по доаѓањето во 2015 година.

Германецот е само вториот кој го добил ова признание по Нелсон Мандела, некогашниот претседател на Јужноафриканската Република кој се бореше против дискриминација и за ранса рамноправност.

„Никогаш во животот не помислев дека ќе се најдам во оваа ситуација. Ја сакам традицијата и ги сакам овие настани, но искрено не сакам да бидам во центарот. И покрај тоа морам да признаам дека уживав во се. Ви благодарам“, изјави Клоп по добивањето на наградата.

Во ерата на германскиот стратег клубот од „Енфилд“ освои шест големи трофеи: Лигата на Шампиони, Премиерлигата, УЕФА Суперкупот, ФИФА Светскиот куп, Карабао Купот и ФА Купот.

Се вчитува...