Женскиот ракометен клуб Будуќност ќе продолжи да функционира и во следната сезона повторно ќе биде дел од Лигата на Шампионите, откако црногорскиот спортски гигант се спаси од банкрот. Повлекувањето на неколку спонзори го донесе Будуќност на работ на амбисот, па постоеше сериозна опасност клубот да престане да постои, но Градот Подгорица застана зад ракометниот колектив.
Денешниот состанок на Градското собрание донесе одлична вест за ракометниот клуб, откако со 34 часа за и по еден воздржан и против беше одлучено Подгорица да го преземе раководењето со ЖРК Будуќност.
„Не дозволивме клубот Будуќност на 75. роденден од своето постоење да згасне. Ќе останеме запаметени, направивме добро дело и го спаивме клубот“, изјави Лука Ракчевиќ, кој беше предлагач на иницијативата за спас на ЖРК Будуќност од градските власти.
Со изгласаниот нов закон, Подгорица ќе може да префрли 500.000 евра на сметката на Будуќност, пари што ќе бидат наменети за покривање на долговите, но и за инвестирање во нови засилувања со кои црногорскиот тим и во следната сезона ќе биде дел во елитното европско натпреварување во женскиот ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА