„Градски парк“ и се е поинаку: Работнички со голема победа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Работнички со стил се вратија во својот дом салата „Градски парк“ во Скопје, откако вечерва славеа со убедливи 97-74 против најголемото изненадување сезонава во Првата лига Маџари во меч од 18. рунда.

Домаќините фуриозно го стартуваа мечот и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност 26-14. До крај центарци поддржани од својата навивачка група успеаја да го исконтролираат резултатот и да стигнат до убедлива победа од 97-74.

Виктор Ефремовски имаше неверојатен натпревар во кој заврши со неверојатни 50 поени, додека кај поразените Џејвон Грин постигна 19 поени.

 

Се вчитува...