„Градски Парк“ ќе се реновира од темел, Работнички за една година би требало да добие нов дом

Салата „Градски парк“ некогаш важеше за спортски (кошаркарски и одбојкарски храм), но за жал негрижата во последните десетина петнаесет години доведоа овој објект повеќе да не е безбеден за одигрување на натпревари.

Повеќе претходни градоначалници на Центар во своите програми ветуваа изградба на нова сала што би била дом на КК Работнички, се остануваше само на ветување, но последните информации говорат дека работата конечно ќе тргне од „мртва точка“ и наскоро ќе се почне со сериозен проект за целосно реновирање на „Градски Парк“.

Предвиден е потфат според кој овој објект ќе биде реновиран почнувајќи од месец септември, со што најпрвин би се работело на целосна промена на надворешниот изгледа на арената, по што ќе се премине кон внатрешно отстранување на бројните проблеми во „Градски Парк“. Идејата е реновираната сала да има капацитет не поголем од 1.000 места за седење, но за сметка на тоа објектот да биде модерен и да ги има сите услови за тренинзи и одигрување на натпревари на домашната сцена.

Доколку се мине во најдобар ред и планот се реализира, „Градски Парк“ би требало да биде подготвен повторно да биде домаќин на кошаркарски натпревари во септември 2025 година.

Во меѓувреме, КК Работнички и во следната сезона своите домашни средби ќе ги игра во СРЦ „Кале“.

Се вчитува...