Дарко Велковски направи вистински потег со зимскиот трансфер во Динамо Букурешт, каде македонскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите поединци во вториот дел од сезоната и меѓу најзаслужните што овој тим обезбеди опстанок во романската фудбалска елита.
Договорот на Велковски со Динамо истече на крајот од сезоната, но големи се шансите македонскиот дефанзивец да остане во романскиот шампионат откако во последниот период доби неколку интересни понуди. Онаа од екипата на Крајова е веќе одбиена, но Велковски има на маса уште две одлични понуди, и тоа од градските ривали Рапид и Динамо Букурешт.
Раководството на Динамо потпиша нов договор со тренерот Копиќ, по што приоритет сега е ставен на задржување на Македонецот како клучен играч во одбраната за наредната сезона. Понудата за нов договор на две сезони е веќе испратена, но сметките на Динамо ги замрсува градскиот ривал Рапид, кој според романските медиуми нуди плата од околу 13.000 евра месечно на нашиот репрезентативец.
Се очекува Дарко Велковски по настапите за македонската репрезентација да донесе одлука за својата иднина, со цел што поскоро да ги разреши сите дилеми околу клубот за кој ќе настапува во наредната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

