Ривалството е една работа, но почитта кон противникот е нешто што секогаш се цени максимално во спортскиот свет.
Токму затоа, комплименти ширум Европа и светот собраа овие фанови на Манчестер сити, кои веднаш по мечот со Хадерсфилд се симнаа на теренот со транспарент: Фудбалот на страна, оздрави Ферги.
Јасно е, пораката е желба за рехабилитација на Сер Алекс Фергусон, големиот ривал на Сити, но воедно и најтрофејниот британски тренер на сите времиња за кого „граѓаните“ како и целокупната спортска јавност има највисоко мислење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА