Манчестер Сити влезе во нова победничка серија во Премиерлигата откако во 20. коло славеше на домашен терен со 2-0 во натпреварот против Шефилд Јунајтед. „Граѓаните“ беа доминантни од самиот почеток на средбата, а победата ја најавија уште во 14. минута кога мрежата ја затресе Родри.
Во 61. минута тимот предводен од Пеп Гвардиола со префектна акција која ја круниса Алварез стигна и до предност од 2-0 со што ја потврди победата за перфектен крај на сезоната, без пораз на домашен терен во 2023 година.
FULL-TIME | Ending the year with +3! 🙌🩵
🩵 2-0 ⚔️ #ManCity | @okx pic.twitter.com/qOvvZ1rv2e
— Manchester City (@ManCity) December 30, 2023
На победите им се врати Астон Вила кој на домашен терен славеше со 3-2 против Барнли.
Бејли со гол во 28. минута го отвори натпреварот, но само две минути подоцна Амдуни изедначи на 1-1. Сепак веќе до полувремето домаќините стигнаа до нова предност, овој пат преку Диаби кој го совлада Трафорд.
Барнли остана со играч помалку во 56. минута по вториот жолт картон на Берге, но и тоа не ги спречи гостите да стигнат до ново изедначување. Фостер во 72. минута стрелаше за 2-2, но сепак Астон Вила ја заврши годината со три бода благодарение на мирната реализација на Даглас Луис од белата точка во 89. минута.
Completing 2023 with a W! 😍 pic.twitter.com/l8RH2K9d28
— Aston Villa (@AVFCOfficial) December 30, 2023
Вулверхемптон немаше проблеми во средбата против Евертон славејќи со 3-0 благодарение на головите на Килман, Куња и Даусон, додека лондонскиот дуел помеѓу Кристал Палас и Брентфорд им припадна на домаќините кои славеа со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА