„Граѓаните“ броеја до осум против Ватфорд

Фудбалерите на Манчестер Сити сиот свој бес по изненадувачкиот пораз од Норвич го истурија врз Ватфорд, декласирајќи го лондонскиот премиерлигаш со 8-0. Пеп Гвардиола реши на овој меч да му даде заслужен одмор на Рахим Стерлинг, но тоа воопшто не се одрази врз играта на шампионот, кон стигна до својата најубедлива победа сезонава.

„Граѓаните“ одиграа беспрекорно во првите 15 минути, кога првите пет удари кон противничкиот гол ги претворија во водство од 5-0, и тоа со пет различни стрелци (Давид Силва, Агуеро, Марез, Бернардо Силва и Отаменди). Во второто полувреме уште два гола постигна Бернардо Силва, пред точка на мечот да стави Де Бруине.

Крис Вуд со два гола му донесе победа на Барнли против Норвич (2-0), додека Шефилд Јунајтед го шокираше Евертон триумфираше на „Гудисон парк“ со 0-2.

Се вчитува...