Англискиот првак Манчестер Сити нема да застане со големите вложувања и во ова лето, без оглед на гласините дека УЕФА би можела да го исфрли од Лигата на шампионите поради непочитување на Финансискиот фер-плеј. Раководството на клубот веќе го договорило трансферот на младата португалска ѕвезда Жоао Феликс од Бенфика, кој треба да биде вреден 120 милиони евра.
Како што информираат португалските медиуми, Манчестер Сити дал гаранции дека ќе ја плати отштетната клаузула од 120 милиони за офанзивниот играч за врска, кој е едне од најбараните фудбалери во Европа. Талентираниот фудбалер ќе добие петгодишен договор и понуда вредна 4,5 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА