Манчестер сити на убедлив начин стигна до деветтиот триумф во Премиер – лигата, декласирајќи го Саутемптон на домашен терен со 6-1. По ова, „граѓаните“ повторно се на врвот на табелата со 29 освоени бода.
Серијата голови ја отвори противничкиот играч Хоет кој си постигна автогол во шестата минута, а потоа стрелаа и Агуеро и Силва, за високи 3-0 за неполни дваесетина минути. Дени Ингс од пенал намали на 3-1 во 30.минута, но Рахим Стерлинг возврати до одморот.
Во вториот дел, Стерлинг уште еднаш се запиша меѓу стрелците, како и Лирој Сане во последните моменти од мечот, за конечни 6-1 во корист на Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА