Манчестер сити стигна до голема победа на гостувањето кај Њукасл од 2-3 во последниот натпревар од денешната програма од 21. коло во англиската Премиерлига. Двата тима ни донесоа еден неверојатен натпревар со многу пресврти, во кој на крајот херој за гостите беше 20-годишниот Оскар Боб.
Гостите поведоа со 0-1 со прекрасниот погодок на Бернардо Силва во 26. минута. До крајот на првото полувреме домаќините стигнаа до целосен пресврт со погодоците на Исак во 35. и Гордон во 37. минута. Кевин де Брујне во 74. минута израмни на 2-2, додека конечните 2-3 беа дело на Оскар Боб во 91. минута и тоа на асистенција токму на Кевин де Брујне.
Newcastle United 2 – [3] Manchester City – Oscar Bobb 90+1’
byu/MarcoRuss insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА