Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро ќе остане запаметен како легенда во Манчестер сити, иако кариерата ќе ја продолжи во Барселона, клуб со кој потпиша двегодишен договор. На Агуеро му заврши договорот со „граѓаните“, па на разделбата решил да собере 60 колеги, меѓу кои тренери и членови на екипата на кои им поделил скапи часовници, а Аргентинецот се решил на еден од вработените да му подари Ренџ Ровер.
Агуеро немаше многу среќа со возилото бидејќи учествуваше во неколку несреќи, а доби и многу казни, но во секој случај реши да го израдува вработениот во клубот чиј идентитет не се открива.
Аргентинецот потпиша двегодишен договор со „Каталонците“ и за медиумите кажа дека Барселона е најдобриот тим во светот и не згрешил што потпишал токму за нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА