„Граѓаните“ лесно ја совладаа Астон Вила

Манчестер Сити оствари лесна победа над Астон Вила славејќи со 3-0. Гостите од Бирмингем одолеаја во првиот дел, но веднаш по одморот Рахим Стерлинг во 46.минута го отвори резултатот. Потоа „граѓаните“ играа многу подобро, а триумфот го надополнија Кевин де Бруин и Илкај Гундоган.

Во 65.минута Де Бруин изведе слободен удар, нафрли во шеснаесетникот, никој не ја удри топката, а таа заврши во мрежата. Пет минути подоцна Гундоган со силен шут од работ на шеснаесетникот го постави конечниот резултат.

Се вчитува...