Граѓаните на Токио масовно потпишуваат петиција за откажување на Олимписките игри

Иако има уште нешто повеќе од два месеци до почетокот на Олимписките игри, сепак не е познато дали тие дефинитивно ќе се одржат. Околу 351 илјади граѓани на главниот град на Јапонија потпишаа петиција за откажување на Олимписките игри, кои треба да започнат во нивниот град во јули. Петицијата е испратена на адреса на гувернерот на Токио, со апел дека приоритет треба да бидат животите.

Интернет-петицијата насловена „Откажи ги Олимписките игри во Токио за да ги заштитиме нашите животи“ беше покрената од Кенџи Утсуномија, сега адвокат и некогаш кандидат за гувернер на Токио. Потписите се собрани со голема брзина преку платформата „Change.org“, а Уцуномија рече дека тоа е само одраз на јавното мислење во земјата на изгрејсонцето.

И сите други анкети покажуваат дека повеќето Јапонци се против одржување на Игрите оваа година и дека тие поддржуваат понатамошно одложување или целосно откажување на овој настан поради пандемијата на коронавирус што сè уште не е ставена под контрола.

Истата петиција беше испратена до Меѓународниот олимписки комитет (МОК), како и до Меѓународниот параолимписки комитет и до локалните организатори и националната влада на Јапонија.

Се вчитува...