Манчестер сити се врати во победнички ритам во Премиер – лигата, совладувајќи го Евертон на „Етихад“ со 3-1. „Граѓаните“ се вратија на врвот на табелата со два предност пред Ливерпул, кој утре на „Енфилд роуд“ го пречекува Манчестер јунајтед.
Габриел Хесус го отвори резултатот во 22.минута, а на почетокот на вториот дел и го удвои водството на составот на Пеп Гвардиола. Евертон намали преку Доминик Калверт – Левин во 65.минута, но само две минути подоцна Рахим Стерлинг постигна погодок за конечни 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА