„Граѓаните“ промашија и пенал за триумф против Ливерпул (ВИДЕО)

Манчестер сити и Ливерпул ги поделија бодовите во дерби пресметката од 8. коло во Премиерлигата.

Во крајно возбудливо прво полувреме и максимално мирен втор дел, двата тима на крајот се задоволија со 1-1. Иако, Сити беше поблиску до триумфот но Де Бруин не реализираше пенал во 42. минута при резултат од 1-1.

Претходно, Салах од пенал во 13. минута го доведе Ливерпул до водство…

А, Габриел Хесус во 31. минута, по асистенција на Де Бруин, израмни на 1-1.

Ливерпул, со ова реми, не успеа да се врати на врвот од табелата сега останувајќи на делба на втората позиција заедно со Тотенхем.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...