„Граѓаните“ се вечен пациент на Родриго – По 32 натпревари Бразилецот конечно стрелаше за Реал (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид поведуваат со 1-0 на домашен терен против Манчестер сити во најинтересниот натпревар од денешната програма во 6. колло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Водство за домашниот тим донесе Родриго кој своите најдобри партии ги покажува секогаш против англискиот Премиерлигаш. Голот за водство од 1-0 Родриго го постигна во 28. минута.

Интересно е тоа што ова за Родриго е прв гол по пауза од дури 32 натпревари.

Real Madrid [1] – 0 Manchester City – Rodrygo 28'
byu/ayoefico insoccer

Се вчитува...