„Граѓаните“ со нов „кикс“ во Премиер-лигата

Манчестер сити загуби нови бодови во трката за премиерлигашката титула откако „граѓаните“ попладнево ремизираа 1-1 на гостувањето против Вест Хем. Тимот на Пеп Гвардиола имаше осум победи на последните осум премиерлигашки дуели со денешниот ривал, но серијата добри резултати беше прекината на денешниот дуел, на кој гостите од Манчестер повторно одиграа далеку под своите можности.

Антонио беше стрелец на водечкиот гол за Вест Хем, откако корпулентниот напаѓач одлично се снајде во шеснаесетникот и со атрактивен гол со „ножички“ им донесе предност на домаќините. Манчестер Сити израмни на самиот почеток од второто полувреме преку „резервистот“ Фоден, но гостите не успеаја да направат целосен резултатски пресврт.

Гвардиола може да им биде лут на своите фудбалери бидејќи Стерлинг и Марез имаа одлични шанси во последните пет минути, но не успеаја да го совладаат Фабијански.

Се вчитува...