„Граѓаните“ со спектакуларен гол на Де Брујне до триумф над Челси за +13 на врвот од Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер сити дојде до повеќе од важна победа во дербито на 22. коло во Премиерлигата, славејќи со 1-0 во пресметката против Челси.

„Граѓаните“ беа далеку подобар противник на теренот но не успеаја сето тоа со гол да го валоризираат уште во првото полувреме.

Сепак, победата беше обезбедена со спектакуларниот гол на Де Брујне во 70. минута од средбата.

Челси во финишот се обиде да дојде до израмнување, но залудно затоа што до крајот на натпреварот не успеа посериозно да се закани кон голот на Едерсон и да стигне барем до бод.

Се вчитува...