Манчестер Сити на драматичен начин се пласира во полуфиналето на ФА купот на Англија, елиминирајќи го Свонси на гости со триумф од 2-3. Тимот на Пеп Гвардиола по првото полувреме имаше негатива од 2-0, а потоа заигра според очекуањара и го совлада ривалот.
Мат Гримс од пенал и Берсант Целина донесоа водство за Свонси по првиот дел. Но, критиките на Гвардиола кон фудбалерите очигледно дадоа резултат во второто полувреме.
Бернардо Силва намали на 2-1, Агуеро од пенал, со помош на домашниот голман Нордфелд израмни на 2-2, а Аргентинецот беше стрелец и на победничкиот гол во 89.минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА