Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити сериозно се заинтересира за српскиот интернационалец Лука Јовиќ. Тој игра во одлична форма во бундеслигашот Ајнтрахр Франкфурт, каде настапува како позајмен играч од Бенфика. Германскиот клуб на крајот од сезоната има опција да го откупи комплетно, но се чини дека и веднаш ќе го продаде со оглед на силната побарувачка за 21-годишниот голгетер. Тој досега постигна 17 гола на 26 натпревари во својата втора сезона како играч на Ајнтрахт.
Пеп Гвардиола го гледа Лука Јовиќ како одлична замена за Серхио Агуеро и подготвен е да плати 60 милиони фунти за него. Сепак, Ајнтрахт Франкфурт веќе одреди цена од 75 милиони фунти за продажбата на Јовиќ. За него се заинтересирани и Реал Мадрид и Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА