Манчестер сити го совлада Брајтон со 3-1 на „Етихад“ и успеа да урне три рекорди во Премиер – лигата. „Граѓаните“ стигнаа до 105 гола во англискиот шампионат и го надминаа остварувањето на Челси, кој во периодот на Карло Анчелоти постигна 103 гола.
Сити во пресрет на последното коло има 97 бода, што исто така е нов рекорд на Премиер – лигата, а со евентуална победа над Саутемптон ќе стигне и до „стотка“.
Исто така, ниту еден тим досега не остварил 31 победа во англискиот шампионат, а тоа им успеа на избраниците на Пеп Гвардиола кои се доминантни во лигата во текот на целата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА