Брајтон му нанесе болен пораз на Манчестер Сити во 11. коло од Премиерлигата совладувајќи го актуелниот шампион на својот терен и тоа по целосен пресврт со 2-1.
Халанд го отвори натпреварот со гол во 23. минута, а Манчестер Сити не ги искористи шансите за зголемување на водството па следеше казна од домашниот тим. Брајтон во второто полувреме изедначи и поведе во само пет минтуи преку Жоао Педро кој ја затресе мрежата во 78. минута и О’Рајли во 83. минута.
Вториот пораз во низа го остана Манчестер Сити на втората позиција на табелата, додека Брајтон со 19 бодови се проби на четвртото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА