Граховац: Е. Пелистер може повторно да биде шампион

Никола Граховац, новото засилување на Е. Пелситер за продолжението од сезоната веќе одработи неколку тренинзи со „зелено-белите“.

За клупскиот сајт тој сега даде интервју во кое откри дека и лани бил блиску до потпис со битолчани. Како и тоа дека верува дека тимот има квалитет за одбрана на титулата.

„Минатата година кога се знаеше дека си одам од Веспрем, беше близу да дојдам во Еурофарм Пелистер, но заради други причини го одбрав Вецлар, ама бевме во клубот со контакт. Имавме таму некои спортски проблеми, па одлучив да дојдам тука. Лигата на шампионите е ранг повисоко, доаѓа и плеј-офот каде има дерби натпревари. За мене мислам дека спортски подобро е да играм во Битола. Се работи за балансирана екипа, ги знам играчите, сум играл против некои од играчите, сметам дека лани тимот заслужено беше шампион на Македонија и може и оваа година да биде повторно“, изјави Граховац.

Се вчитува...