Ракометарите на Пелистер во среда (20.45 часот) ги очекува последниот натпревар од Лигата на шампионите, гостувањето против европскиот гигант Барселона.
По последните два позитивни настапи, битолчани посакуваат и веруваат во ново добро издание, и покрај тоа што ги чека најголемиот европски предизвик против лидерот.
„Тешко е да се подготвите за тим како Барселона, можеби најдобриот клуб во историјата на ракометот. На секој играч му е чест да игра против Барса, тоа е сон на секое момче кое ќе почне да игра ракомет. Сите во тимот сме свесни дека после Барселона, пак, во недела го играме најважниот натпревар во сезоната – против Вардар, и затоа мора да се подготвиме добро и за двата натпревари. Но, секако не ни е сеедно како ќе се претставиме и во Барселона, посебно по претходните два одлични натревари“, вели хрватскиот кружен напаѓач, Никола Граховац.
Пелистер во недела (15 март) го игра најважниот натпревар во македонскиот шампионат, дербито против Вардар во битката за титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

