Гран Канарија соопшти дека Салва Малдонадо не е повеќе тренер на нивниот клуб. Раководството на евролигашот се одлучи да му врачи отказ на својот стратег.
Малдонадо својот втор мандат на клупата на Гран Канарија го почна на крајот од јуни, а го заврши со идентичен скор во Евролигата и шпанското првенство, три победи и седум порази.
На следниот натпревар во Евролигата против Милано, тимот ќе го води досегашниот асистент на Малдонадо, Виктор Гарсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА