Гранатите целосно уништија стадион на украински премиерлигаш

По вторпат гранатирање е целосно уништен стадионот во Чернихив, на кој настапува украинскиот премиерлигаш Десна. Руските бомби утрово кои паднаа врз стадионот, направија огромна дупка на тревникот, а уништена е речиси целосно главната трибина на овој стадион кој е со капацитет од 12.060 места.

Стадионот „Чернихив“, или по ново „Јуриј Гагарин“, веќе еднаш беше гранатиран, но беа причинети само помали штети. Сега од фотографиите се гледа дека трибината е целосно уништена.

Стадионот е изграден во 1936 година, а реновиран во 2016 година. Името „Јуриј Гагарин“ го добива во 2020 година. На него од Април 2021 година, игра и Олимпик Доњецк. При реновирањето, во близина на стадионот се изгради и целосен спортски комплекс со хотел, соби за фудбалерите, сауна, базен, медицинска ординација, трпезарија и канцеларии. Клубот Десна имаше намера да изгради уште две трибини, со што ќе ги исполнуваше условите на УЕФА, но по најновото гранатирање, од тоа ќе нема ништо.

Се вчитува...