Гранд-слем шампион суспендиран поради допинг

Нов скандал во светот на тенисот, овој пат ’падна’ уште еден гранд-слем победник. Имено, Макс Парсел (27) од Австралија, кој е двократен гранд-слем шампион во двојки, прифати 18-месечна суспензија откако ги прекрши антидопинг правилата.

Според Меѓународната агенција за тениски интегритет (ИТИА), Парсел признал дека ги прекршил правилата во врска со употребата на „забранет метод“ откако несвесно примил интравенска инфузија на витамини над дозволената граница од 100 милилитри во период од 12 часа.

Тој во средината на декември доби привремена суспензија, а потоа се бранеше во клиниката дека е професионален спортист и дека инфузијата мора да биде помала од 100 милилитри.

Сепак, ИТИА откри дека Персел примил интравенски инфузии од над 500 милилитри во два наврати кон крајот на 2023 година. Додека соработувал и споделувал информации во текот на истрагата, казната му била намалена за 25 отсто.

Се вчитува...