Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев уште еднаш ја покажа своја големина… Пандев пред мечот со Лихтенштајн беше однапред определен да ги изведува ударите од белата точка доколку ги има. И, во 90. минута се укажа можност, но капитенот ја препушти топката на Илија Несторовски за кого посака да го запише својот прв хет-трик во кариерата. Но, Несторовски не погоди…
„Горан Пандев ја покажа целата своја големина. Тој беше одреден за пеналџија но му го отстапи ударот на Несторовски за да постигне хет-трик. Жал ми е што Илија не успеа да погоди и да го запише својот прв хет-трик во репрезентативната кариера“ – рече по мечот селекторот Игор Ангеловски.
Горан Пандев, притоа асистираше на Несторовски за неговиот прв гол на мечот и наше водство од 0-2…
А, Пандев, пак, ја остави можноста со удар од белата точка конечно да го прекине својот долгогодишен голгетерски пост на официјален репрезентативен натпревар. Но, како што и многумина знаат, Горан Пандев сега повеќе од капитенски игра пред се за националниот дрес и за помладите соиграчи во репрезентацијата. А, не за себе…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА