Долго очекуваното Европско првенство започнува денеска, а учество во него за прв пат во историјата ќе има и Македонија.
Атмосферата во нашиот тимот е најдобро можно ниво, а во претсрет на денешното отварање порака до нацијата има и големиот Горан Пандев.
„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… денот кој го сонував долго време низ мојата кариера… Македонија да игра на едно големо натпреварување… Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација… Сакам како капитен да ви се обратам на целата нација: Оваа генерација е најсветото нешто на македонскиот фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија… Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес. Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја. Бидете со нас навивајте за Македонија!“, напиша Горан Пандев на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА