После девет дена и четири ски-скокалници, денеска со натпреварувањето во австриски Бишофсхофен е завршена новогодишната турнеја „Четири скокалници“.
На последната станица во Бишофсхофен, Халвор Гранеруд само ја потврди својата моментална форма, и со скокови од 138,5 и од 143,5 метри, го донесоа „златниот орел“ во рацете на Норвежанецот.
„Се чувствував добро на скокалницата. Времето во втората серија беше многу подобро од првата. Излегов добро на скокалницата, и потоа беше неверојатно. Не верувам во ова што се случува, чувството е неверојатно“, рече Гранеруд.
Претходно норвешкиот ски-скокач триумфираше и на скокалниците во Оберсдорф и Гармиш-Партенкирхен, а во Инсбрук заврши како второпласиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА