Швајцарскиот интернационалец Гранит Џака ќе го напушти Арсенал и во зимскиот преоден рок ќе се врати во Бундес-лигата. Тој се договорил со раководството на Херта и ќе го засили тимот на Јирген Клинсман во вториот дел од сезоната.
Двата клуба треба да ги договорат деталите дали Џака до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч со право на откуп на договорот или пак веднаш ќе биде реализиран комплетниот трансфер.
Џака имаше несогласувања со навивачите на клубот откако во нервоза го соблече дресот на Арсенал на мечот против Кристал Палас и предизвика голем скандал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА