Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака ќе ја продлабочи листата на фудбалери кои ова лето ќе го напуштат Баер Леверкузен. 32-годишникот веќе и го информирал раководството на клубот која сака да му биде следната дестинација.
Тоа е камбек во Премиерлигата и настап за новиот прволигаш Сандерленд со кој веќе ги договори личните услови па останува само англискиот и германскиот клуб да ја договорат сумата за трансфер. Џака во изминатиот месец беше поврзуван и со преселба во Милан, доби и богата понуда од Саудиска Арабија што на крајот ја одби, се со цел поранешниот капитен на Арсенал да си ја исполни желбата и повторно да заигра во Премиер-лигата.
Сандерленд успеа да обезбеди камбек во елитното друштво, а „црните мачки“ токму во швајцарскиот ас гледаат како на играч кој со своето искуство (297 средби за Арсенал во Премиер-лигата) може да помогне тимот да опстане во елитата.
Баер Леверкузен инсистира на отштета од 10 милиони евра, па останува да се види дали клубовите ќе завршат успешно за Џака што поскоро да се врати на „островот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

