Грант: Татко ми на 13 години со голи раце ги закопа родителите и сестра му

Израелскиот стратег Аврам Грант во интервју за „Си-ен-ен“ говореше за голготата која ја има поминато неговото семејство. Грант е роден по ужасот наречен холокауст кој нацистичкиот режим го спроведуваше врз Евреите во 40-тите години на минатиот век. Неговиот татко, Мејер го преживеал ужасот на Втората светска војна.

„Мојот баба и дедо со децата во 1941. година побегнаа од окупираната Полска со која владееја нацистите. Отидоа во Русија, а потоа беа протерани на север. Температурите се спуштаа до -40 степени. Преживеа мојот татко и неговиот брат. Само тие двајца. Тој со голи раце мораше да ги закопа родителите и сестра му, сам мораше да ископа гроб. Имал само 13 години. А, се поради омраза“, изјави Грант. 

Грант во кариерата ги предводеше англиските тимови, Челси, Вест Хем и Портсмут, а беше и селектор на Гана и Израел.

Се вчитува...