„Грацие Шкриниар“ – Интер се збогуваше од својот играч

Милан Шкриниар од идната сезона ќе настапува за ПСЖ, а Интер емотивно се збогуваше денеска од него.

„Грацие Шкриниар“, стоеше во објавата на „нероазурите“ за кои одигра 246 натпревари, постигна 11 голови и освои пет трофеи.

Од претходно беше познато дека Словакот без никаво обесштетување ќе замине во Париз, и ќе биде дел од проектот на ПСЖ кој одново прави тим за успех во Лигата на шампионите, трофеј кој го нема освоено.

Се вчитува...