Грбиќ доби отказ, веќе не е селектор на Србија

Никола Грбиќ повеќе не е селектор на одбојкарската репрезентација на Србија, добивајќи отказ откако не успеа да обезбеди учество на ОИ во Токио. Србите во клучниот натпревар беа убедливо поразени од Италија, по што раководството на Одбојкарската Федерација на Србија реши да се раздели од селекторот.

„Во духот на максимална почит што секогаш го одликувало нашиот однос со Никола Грбиќ, донесовме одлука што е во склад со интересите на националната селекција. Се разделивме од Грбиќ, а јавноста благовремено ќе биде известена за новиот селектор“ – се вели во соопштението на српската куќа на одбојката.

Грбиќ беше селектор на нашиот северен сосед од 2015 година, а најголемиот успех го направи со освојувањето на Светската Лига една година подоцна.

Србија ќе има уште една последна шанса за пласман на ОИ во Токио, но на тие квалификации ќе биде предводена од нов стратег.

Се вчитува...