Македонската женска ракометна репрезентација го доживеа и вториот пораз во квалификациите за ЕП, овој пат од Словенија со 20-28 на домашен терен.
Селекторот Кристијан Грчевски, по мечот истакна дека и овој дуел идентично завршил како и претходниот против селекцијата на Германија, со пад во играта во второто полувреме, по едно рамноправно прво полувреме со противникот.
„Пад на фокусот во истиот период од мечот во вториот дел, исто како на дуелот со Германија. Физички сме послаби и тоа е клучно за еден таков исход, ако се знае дека дел од девојките немаат доволно мечеви и минутажа во нозете, па тоа се одразува и во националниот тим. Ние сме подмладен тим и знаеме дека Словенија и Германија се велесили, но мораме да работиме повеќе, за да изгледаме подобро на теренот“ – рече Грчевски, притоа дополнувајќи:
„Но, овие девојки покажаа дека воопшто не се за потценување. Во март следната година ќе бараме победи над селекцијата на Белгија, се надеваме дека преку овие мечеви ќе обезбедиме пласман на Европското првенство“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

