Грчевски го скрати списокот пред двомечот со Белгија

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го скрати списокот објавувајќи имиња на 20 ракометарки кои ќе бидат во комбинација за претстојниот квалификациски двомеч против Белгија.

Нашата најдобра ракометарка, Сара Ристовска, се уште е „во аут“ поради повреда, но освен нејзиното отсуство списокот на Грчевски е без преголеми изненадувања, со сосема солиден по квалитет ростер за да се стигне до посакуваните две победи.

Првиот дуел од двомечот меѓу Белгија и Македонија ќе го играме на 4 март на теренот на противникот, а реваншот е закажан за три дена подоцна во салата во Куманово.

Се вчитува...