Грчевски го скрати списокот за дуелите на Македонија во квалификациите за ЕП

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го скрати списокот на ракометарки повикани за подготовка и настап за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Германија и Словенија во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година.

Сениорките прво ќе оддиграат натпревар против селекцијата на Германија, на 16. октомври во Гумерсбах со почеток во 19.30 часот, а потоа следи натпреварот против селекцијата на Словенија во салата „Боро Чурлевски“ на 19. октомври со почеток во 18 часот.

Собирот ќе се одржи на 12.10.2025 во 12.00 во Хотел Карпош.

Се вчитува...