Македонија претрпе уште еден пораз на ЕП 2024 во Дебрецин, откако нашите ракометарки загубија со 19-29 на дуелот со домаќинот Унгарија. Нашите ракометарки одиграа одлично прво полувреме во кое во долги периоди имаа и предност, но големиот пад во вториот дел придонесе на крајот мечот да го завршат со двоцифрена негатива.
„Бевме многу добри во првото полувреме, но во вториот дел имавме некои лоши моменти, не бевме доволно сконцентрирани, промашивме многу чисти шанси, сето тоа се одрази на конечниот резултат. Севкупно гледано, мислам дека игравме добро на овој турнир. Ние сме млада репрезентација пред која е светла иднина“, изјави селекторот Кристијан Грчевски по дуелот со Унгарија.
„Ова беше големо натпреварување, горда сум на себе и на сите девојки, бидејќи одигравме како тим и се боревме. Многу сме млади и сето ова е големо искутво за нашата репрезентација, мислам дека ќе бидеме многу подобри во годините што следат“, додаде репрезентативката Катерина Дамјаноска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА