Грчевски: Не се справивме со притисокот, што значеше овој меч за нас …

Женската ракометна репрезентација на Македонија по два настапа на ЕП направи џиновски чекор наназад за одржување на тој континуитет откако вчера беше поразена од селекцијата на Белгија.

Белгијките никогаш досега во евро-квалификациите немаа победа во групната фаза, но знаеја како да ги искористат бројните осцилации во нашата игра и со подобра игра во финишот стигнаа до историски триумф.

„Тежок натпревар, не се повлековме под притисокот од публиката, но не се справивме ниту со сопствениот притисок знаејќи што значи овој натпревар за нас. Почнавме добро, но имавме некои пропусти во нашата игра, а така го започнавме и второто полувреме, а сето ова се должи на нашата ротација бидејќи имаме многу повредени играчи и игравме без централен бек“, изјави Грчевски.

Македонија и Белгија в сабота ќе одиграат уште еден меч, овојпат на наш терен во Куманово, но шансите за пласман на ЕП дури и во случај на триумф на овој дуел сега се сериозно, сериозно намалени.

Се вчитува...