Грчевски: Одлично е што изборивме пласман на ЕП, со победа над Литванија да го затвориме овој циклус

Женската ракометна репрезентација на Македонија успеа да оствари нов одличен резултат, триумфирајќи со 22-37 на гостувањето против Азербејџан, победа со која нашата национална селекција вторпат по ред ќе биде дел од еден континентален собир.
Селекторот Кристијан Грчевски по мечот изјави дека ова е голем успех за неговите девојки…
„Многу важна победа за нас, со неа заверивме пласман на Европското првенство. Отворивме добро, имавме мал пад, но го пребродивме, сепак бевме под притисок. Девојките одиграа како што треба, тоа што се договоривме го исполнија. Им честитам на ракометарките за играта и за борбеноста, сериозно го сфатија мечот против Азербејџан, иако како противник е послаб, сите знаеме што значи ако некого потцениш. Се подрудивме сите во составот да добијат минутажа, а истовремено да заштедиме сили за Литванија. Иако оваа средба не е важна резултатски од аспект за пласман на Европското првенство, сепак би сакале да извојуваме победа на домашен терен, триумфално и во позитивна атмосфера да го затвориме овој циклус. Се надевам дека со добра ждрепка на Европското првенство можеме најмалку да ја поминеме групата, па потоа ќе размислуваме за понатаму“, изјави Грчевски. 

Се вчитува...