Грчевски со поширок список за клучните квалификациски мечеви

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список од 35 ракометарки кои се во комбинација за завршните натпревари од квалификациите за ЕП 2026.

Без оглед на шокантниот пораз во Белгија нашите ракометарки имаат реални шанси за пласман на европскиот шампионат, за што би им бил потребен барем еден бод во последните две кола со фаворитите Германија и Словенија, или во најлош случај што помали порази од овие  ривали.

На списокот на Грчевски се наоѓа и Сара Ристовска која би можела да се врати по тешката повреда што ја оддалечи со месеци од терените.

Дуелот со Германија е закажан за 8 април во Скопје, а квалификациите ги завршуваме на гостувањето во Словенија, меч закажан на 12 април.

Се вчитува...