Грчка драма: Кошаркарски клуб кој е под сомниение за местени натпревари три пати во сезоната го ангажира истиот тренер

Светот на кошарката е често интересно место исполнето со многу драма и не само на официјалните натпревари. Некогаш позитивна, но често и негативна како онаа последната која ни доаѓа од соседна Грција. Таму во центарот на вниманието е прволигашот Јоникос кој има сезоната исполнета со контроверзии.

Клубот кој се бори за опстанок во прволигашката кошарка сезонава е под истрага за местени натпревари откако непосредно пред победата од 89-48 против Колосос хендикепот од 10.5 магично се зголеми на 28.5. Победата предизвика и серија на реакции како заминување на капитенот Маврокефалидис и повлекување на главниот спонзор, а за „веселата“ сезона да биде уште поинтересна клубот три пати го враќа тренерот Ангелос Цикирас на „жешкото столче“.

Цикирас кој за прв пат го превзема клубот во март 2022 година самостојно се повлече од тренерската позиција во октомври 2022 година поради здравствени проблеми, а откако ги надмина истите, во февруари 2023 година се врати и на тренерската позиција само за да си даде нова отставка помалку од седум недели подоцна.

Овој пат со грчкиот стратег замина и поголемиот дел од раководството на клубот како одговор на истрагата од страна на грчките власти и неможноста да се соберат доволно финансиски средства за „преживување“.

Сега Јоникос го очекува натпревар „да се биде илие не“ во борбата за опстанок против Кардица, а на тренерската позиција повторно ќе биде Ангелос Цикирас кој се врати во клубот да помогне.

Се вчитува...