Екипата на Алкалоид е нов освојувач на ЕХФ Европскиот Куп. Ова беше јасно откако ЕХФ утрово донесе одлука да му ја додели победата на зелена маса на македонскиот тим, за неодиграното финале против грчки АЕК во Скопје. Грчкиот тим се повлече по заканите од нивните навивачи, и се решија да не го одиграат мечот.
Иако АЕК има право на жалба, сепак, тоа не се однесува на исходот од натпреварот. Грчката екипа може да се жали само да не добие голема суспензија од страна на ЕХФ, која дополнително ќе биде одредена.
Според грчките медиуми, „жолто-црните“ ќе бидат исклучени од европските натпревари во следните две години, и ќе се обидат преку жалби да ја намалат казната на барем една сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

