Грчки провокации пред дуелите со Македонија: Ќе играме два меча со Скопје

Некои ликови дефинитивно се заглавени во историјата, но за жал го користат спортот за ширење на пропаганда каква што не доликува на сериозни функции. Еден од нив е грчкиот селектор Јоргос Заравинас, кој во најавата за дуелите со Македонија што ќе се играат в петок и в сабота ја нарече нашата земја Скопје.

Македонската експедиција се надева на фер и коректен третман од домаќините во Солун, но ставовите на селекторот фрлаат сериозен сомнеж…

„Оваа фаза од подготовките е многу важна за нас, бидејќи ова се подготовки за претстојниот европски шампионат. Ќе играме две официјални средби со Скопје, многу е важно за нас да се среќаваме со селекции кои во минатото редовно било дел од големите натпреварувања“, вели меѓу другото Заравинас во изјавата за официјалната веб-страница на Грчката Ракометна Федерација.

Тој во јануари треба да гостува со Грција на контролни средби во Скопје, а јасно е дека македонските навивачи нема да му го заборават ова…

Се вчитува...