Грчки „шутер“ го засили Панатинаикос

Грчкиот кошаркар Николаос Рогавопулос и официјално е нов кошаркар на евролигашкиот гигант Панатинаикос. Во редовите на клубот од Атина пристигнува од Басконија.

Новото засилување на „зелените“ кој потпиша четиригодишен договор со кој ќе заработува еден милион евра по сезона е  добро познат „шутер“ кој минатата сезона реализираше со 43.5 отстотна успешност во обидите за три поени за нешто помалку од 20 минути поминати на теренот во Евролигата.

Се вчитува...