ГРЧКИ СРАМНИ „ИГРАРИИ“: Претседателот на АЕК не дозволува ракометарите да играат

Грчки срамни „играрии“ пред финалето на ЕХФ Европската лига меѓу Алкалоид и АЕК во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Според последните информации претседателот на АЕК не дозволува неговите ракометари да се појават и излезат на терен, се додека не се појават навивачите на нивниот клуб на трибините во спортскиот центар во Скопје.

Проблемот е во тоа што првиот човек на АЕК добил закани од навивачите на клубот, непосредно пред натпреварот, уште во хотелот каде биле сместени Грците, дека не смеат да го играат натпреварот ако на сите нивни навивачи не им се дозволи влез на финалниот натпревар.

Но, навивачите на АЕК воопшто не планираат да пристигнат на натпреварот затоа што и оние навивачи кои се пристигнати во Скопје, се солидаризирале со дел грчки навивачи на кои македонската полиција, поради проблематични лични досиеја, не им дозволиле влез во главниот град на Македонија и се вратени назад во Грција. Па, сите навивачи на АЕК се враќаат накај Атина.

Ракометарите на АЕК, пак, бараат во моментов од претседателот да го играат натпреварот, но првиот човек на АЕК добил закани од своите навивачи дека никако не смеат без нив да го играат натпреварот!

Засега трае убедувањето од ЕХФ кон Грците да се игра натпреварот, а согласно пропозициите ќе се чека 30 минути дали ракометарите на АЕК воопшто ќе се појават на терен.

Се вчитува...