Грчкиот селектор си ги заклучил играчите во соблекувална?!

Грција го допре дното во репрезентативниот фудбал со синоќешното реми против Лихтенштајн, по кое јужниот сосед остана на петтото место во својата квалификациска група, сведувајќи си ги на теорија шансите за пласман на ЕП 2020. Разочарани беа сите, од навивачите до фудбалерите, но најбесен од сите беше селекторот – холандскиот стратег Џон ван’т Шип, кој по мечот ги заклучил играчите во соблекувалната забранувајќи им да се појават пред новинарите.

„Атмосферата во соблекувалната беше траорна. Селекторот ги заклучи фудбалерите и тој тргна да се сретне со медиумите, а никој немаше храброст да стане и да реагира бидејќи сите знаеја колку е разочарувачки овој резултат“ – пишуваат грчките медиуми.

Кормиларот на грчкиот национален тим најави дека овој резултат е само доказ за потребата за коренити промени.

„Изненаден бев што дојдоа многу луѓе на трибините, но тие сигурно нема да се вратат по ваква игра. Мора да им понудите нешто, квалитет, карактер, резултат, а ние не даваме ништо од тоа. Можеби ова е реалната слика, но ако е тоа така, тогаш мораме да направиме подмладување и на тој начин да свртиме нов лист“ – истакна Џон ван’т Шип за грчките медиуми.

Се вчитува...